БУГАРСКИОТ ОБВИНИТЕЛ : СОПСТВЕНИКОТ НА ,,БЕСА ТРАНС” НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ВИНОВЕН ЗА АВТОБУСКАТА ТРАГЕДИЈА

0
897

Во предметот за автобуската трагедија во која загинаа 45 лица, не може да биде обвинет сопственикот на компанијата „Беса транс“, соопшти Бисер Јорданов Михајлов, заменик окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник. Тој во одговор на новинарски прашања кажа дека конкретна вина се бара кај лице кое учествувало во превозот на патници или конкретно кај возачите.

„Сопственикот не може да биде обвинет бидејќи тој не бил возач на автобусот. Тој за конкретната патна незгода не може да биде обвинет“, рече Бисер Јорданов Михајлов, заменик окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник

Прашан како може сопственикот да не биде виновен, кога тој дава налог за автобусот да биде испратен на пат, обвинителот одговори: „Вие дали разбирате дека кога настанала сообраќајната несреќа, со загинати, за жал, се бара причина која треба да се утврди и конкретна вина кај лице“.