БРАВО, КОГА Е ЗА ДОБРО ЗА НАРОДОТ ПОЛИТИЧКИТЕ СЕКИРИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАКОПААТ!

0
786

🚧 Започна асфалтирањето на ул. ,,Петар Драпшин” во населбaта 11 Октомври Бараки!
🛣️ Рехабилитацијата на ,,Петар Драпшин”, како мошне значајна сообраќајна артерија опфаќа санација на коловозот и тротоарите, што е барање и потреба на жителите веќе 30 години. 🤝 Убаво е кога за вакви значајни отворени децениски прашања какво што е подобрувањето на локалната патна инфраструктура изнаоѓаме заеднички јазик и делуваме здружено, бидејќи се работи за унапредување на условите за огромен број на граѓани кои живеат во овој дел на општина Кисела Вода.
✌️ Сакам да му се заблагодарам на министерот Blagoj Bochvarski, на Министерството за транспорт и врски, како и на Светска Банка, за финансиската поддршка.
☝️ Се надевам дека овој ќе биде само еден од проектите кои преку соработка ќе им ги овозможиме на нашите жители за нивен поквалитетен живот.
Како што го информирав и министерот, улицата ,,Петар Драпшин” е една од улиците опфатени големиот проект за обнова на улиците населбата 11 Октомври бараки.
📍Општина Кисела Вода паралелно ќе санира и неколку други улици во населбата 11 Октомври Бараки.
🛣️ Нов асфалт и тротари ќе добијат и ,,Ефтим Спространов”, ,,Лазар Димитров” и ,,Лав Tолстој”. Заедно со ,,Петар Драпшин”, се работи за градежна интервенција со вкупна површина од околу 11000 м2 кои ќе овозможат нов подобрен лик на улиците и ќе ги направат побезбедни за одвивање на сообраќајот.
💡Дополнително ќе поставиме и ново модерно штедливо осветлување.
Досегашните живини, ќе ги замениме со лед светилки.

Фејсбук статус на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Георгиевски.