Двојни стандарди на ВМРО-ДПМНЕ за фалсификуваните исправи: Зошто не беше толку гласна кога Фокус ја откри фабриката за пасоши?

0
1037

Три дена по ред ВМРО ДПМНЕ го повикува министерот Оливер Спасовски да ги открие одговорните за фалсификувањето лични карти. Антонио Милошевски три пати излегува на говорница и ги повторува истите две реченици дека Спасовски мора итно да ги открие сторителите.

Но ВМРО ДПМНЕ има двојни стандарди- зошто не беше толку гласна кога Фокус ја откри фабриката за пасоши? Зошто тогаш Милошевски не беше загрижен за фалсификуваните исправи, прашува Фокус преку својот портал.

-Тогаш МВР имаше капацитет да се справи со вакви случаи, а сега очекуваме исто, одговорил Милошевски на новинарите кои го прашале зошто партијата на Груевски има двојни аршини кон случаите.

Ако е вистина дека ВМРО ДПМНЕ имала капацитет тогаш зошто повеќе од година не е откриен сопственикот на фабриката за пасоши, зошто не се откриени одговорните фалсификатори и зошто цела година постапката не мрда од место?

Инаку, Спасовски во јавните настапи неколку пати повтори дека истрагата е во тек.