КОСОВЕЦ ПРИВЕДЕН НА БЛАЦЕ, ВОЗЕЛ УКРАДЕН МЕРЦЕДЕС ОД ХОЛАНДИЈА

0
652

Министерството за внатрешни работи соопшти дека привеле косовски државјанин на граничниот премин Долно Блаце, кој возел украдено возило од Холандија.

„Вчера во 19.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Долно Блаце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле под слобода Ш.К.(38) од Косово. При преглед и контрола на возилото „мерцедес“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека возилото било украдено и дека за него имало меѓународна потрага на барање на Интерпол Холандија“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека возилото било одземено, а Ш.К. бил задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.