АГЕЛЕР : НЕ КОМЕНТИРАМ ПРЕДЛОГ ЗАКОНИ, ПОЗДРАВУВАМ БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

0
220

– Американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер за Радио Слободна Европа вели дека не коментира предлог законски решенија, но ги поздравува и силно поддржува сите напори за истраги на наводните коруптивни криминални активности.

– Ние ги сметаме за одговорни оние кои ја злоупотребуваат јавната доверба за лична корист. Јас претпоставувам дека институционални и законодавни реформи кои ќе ја зголемуваат транспарентноста и ја зајакнуваат борбата против корупцијата ќе бидат добредојдени не само од меѓународната заедница, туку и од сите граѓани на Северна Македонија, истакнува амбасадорката Агелер.

Овој нејзин коментар следува по најавените измени на Законот за рестриктивни мерки, со кои ќе се санкционираат македонските државјани и фирми кои ќе се најдат на американската и на британската црна листа.

Иако предлогот за измена на Законот за рестриктивни мерки помина на владина седница и покрај правните дилеми што ги посочи Министерството за правда, неизвесно е дали тие бидат донесени од овој собраниски состав, имајќи предвид дека остануваат уште два месеца пред да почне кампањата за парламентарните и претседателските избори.

На црната лиса на САД се десетина сегашни и поранешни функционери, бизнисмени и компании. Меѓу актуелните фунцкионери на црната листа се најде струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ, а на неа е и поранешниот вицепремиер за економски прашања и бизнисмен Кочо Анѓушев.На американската црна листа се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, бизнисменот Јордан  Камчев и рускиот бизнисмен Сегреј Самсоненко, кој има бизниси во земјава