БРАВО: ВЛАДАТА ИМ ГИ ЗГОЛЕМУВА ПЛАТИТЕ ДО 30% НА ОНИЕ БУЏЕТАРИ КОИ НЕ ЗАБУШАВААТ И РАБОТАТ ВРЕДНО И МУ СЛУЖАТ НА НАРОДОТ!

0
1967

Буџетарите добиваат поголеми плати. Односно, дел од нив и тоа не како трајно покачување туку како додаток на плата.

Максималниот износ е 30 одсто или по две основи од 15 одсто.

Првата може да биде резултат на специфични работни задачи, постојана достапност, итно постапување, работа со класифицирани информации или подготовка на стратешки документи и анализи поврзани со владините политики. Втората основа за додаток е зголемениот обем на работа, што опфаќа: повеќе задачи заради недоволен број вработени или одлив на кадар, работење подолго време за отсутен колега, работа што не е во описот на работното место, учество во работни групи и комисии и работа на проектни активности.

Предлогот го дава раководното лице а тоа одлучува и за кој временски период ќе важи додатокот.

Ова е содржината на посебната Уредба што Владата ја донесе на петти август, истиот ден кога прогласи 30 дневна кризна состојба на целата територија. Потпишан е вицепремиерот Артан Груби, кој раководеше со седницата, бидејќи премиерот Зоран Заев веќе беше на одмор.

Уредбата ги опфаќа вработените во министерствата за одбрана, внатрешни работи, правда, политички систем и други, вкупно 16, вработените во Владата, секретаријатите за европски прашања и за законодавство, Службата за општи и заеднички работи и Државниот завод за ревизија.

Според опозициската ВМРО ДПМНЕ, се работи за изборен поткуп.

Локалните избори беа распишани наредниот ден, на 6-ти август, што значи дека уредбата е донесена во последен час.

Изборниот законик забранува исплаќање разни надоместоци на плати од буџетски средства и нови вработувања во периодот од распишувањето избори до денот на изборите.

Од Владата појаснуваат дека во време на ковид и на кризни ситуации како оваа со пожарите, во институциите се издвојуваат поединци кои понесуваат сериозен товар од работата.

За нив се утврдени критериуми за исплата на надоместок од максимум 30 одсто на платата. Може да бидат наградени најмногу една третина од вработените во секоја институција.