ТВ 24 ДОЗНАВА : КАЕВСКИ ПОБАРАЛ ДА БИДЕ ТРГНАТ ОД ЛИСТАТА ПОРАДИ НЕЗАДОВОЛСТВО ОД ПОЗИЦИЈАТА КОЈ ВО И.Е.1 БИЛ НА 7-МО МЕСТО

0
378

Во тензична атмосфера се одвиваа денешниот Централен и Извршен одбор на СДСМ пред почетокот на Конгресот на партијата вечерва.Се разгледуваа предложените пратенички листи по исборни единици од страна на претседателот на партијата Димитар Ковачевски.

Реакции имаше многу, а голем број познати лица на СДСМ кои изминатите години беа експонирани ги нема на листите или се на недобитни позиции.Како што дознава ТВ 24, портпаролот на партијата и пратеник во сегашниот состав од редовите на СДСM Дарко Каевски револтиран од својата позиција на предложената листа побарал неговото име да се избрише.