РОНАЛДО Е ЦЕЛОСНА СПРОТИВНОСТ НА МЕСИ „СЕ НАПРАВИ ЛОШО, НЕПОТРЕБНО ГО УРИВА ОНА ШТО СО ГОДИНИ ГО СОЗДАВАШЕ“

0
697

Роналдо на Мундијалот 2022 одигра пет натпревари и постигна само еден гол.Прославениот германски фудбалер, Лотар Матеус, изјави денеска дека португалскиот капитен Кристијано Роналдо е најголемото разочарување на Светското првенство во Катар. Португалија беше елиминирана во четвртфиналето од Мароко, додека титулата ја освои Аргентина, која синоќа во епско во финалето по подобро изведување пенали ја совлада Франција.

– Роналдо беше целосна спротивност од Лионел Меси. Сè направи лошо. И за себе и за својата репрезентација. Неверојатен фудбалер, кој непотребно урива сè што со години создаваше. Жал ми е, бидејќи не мораше да биде така – рече Матеус.Роналдо на Мундијалот 2022 одигра пет натпревари и постигна само еден гол.Истовремено, се крена прашина околу голот од 108 минута на Меси. Имено, на снимката се гледа како при шутот двајца од резервните играчи на Аргентина ја пречекоруваат белата линија спремни да слават.