БОШКОСКИ : КОАЛИЦИРАЊЕТО СО ВМРО-ДПМНЕ Е ОД ИДЕОЛОШКА ПРИЧИНА

0
400

На прашањето на ,,Фокус” да ги појасни мотивите за коалицирање со партијата, бидејќи обвинуваше дека поради поранешните челници на партијата заврши во затвор, Бошковски вели:

– Во 2009 година ја напуштив ВМРО-ДПМНЕ, но идеологијата НЕ. Тоа го сторив поради тоталитарното владеење на двајцата братучеди, Груевски и Мијалков, со кое не можев да се согласам како демократ. Сведоци на нивните политики беа сите граѓани. Режимот на Груевски и неговиот братучед го достигнаа врвот со монтажа на предметите ,,Кампања” и ,,Ровер”, поради кои поминав години во затвор. И да, по сето тоа, граѓаните со право ќе се запраашаат што барам со ВМРО-ДПМНЕ?

Но сакам да потсетам дека од Југославија, па навака, мене не ме прескокнал ниту еден режим, како и оној во времето на Хари Костов за ,,Раштански лозја”. Значи нема режим кој ме прескокнал!, истакнува Бошкоски за ,,Фокус”.Сепак, како што вели, и покрај се, неговата идеологија е ВМРО.