АМЕРИКА ПОЧНА ДА ПРИТИСКА ЈАКО ЗА НАС – Рикер: ЕУ не треба да дозволи билатерални прашања да го запрат напредокот на С Македонија

0
1014

Европската Унија не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат напредокот што го заслужи Северна Македонија во интеграциите, вели поранешниот амбасадор на САД во земјава, Филип Рикер.

„Сметаме дека ЕУ не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок во интеграциите. Сметаме дека тие прашања треба да се решаваат надвор од процесот на пристапување, затоа што Скопје повеќе од што треба ја заслужи таа шанса“, – вели помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

Тој ова го истакна на 2БС форумот во организација на Атлантскиот сојуз на Црна Гора. Според Рикер, Северна Македонија и Албанија презеле важни и тешки чекори на нивниот пат кон европските интеграции.