ЗАЕВ СО ОПТИМИСТИЧКА ИЗЈАВА ОКОЛУ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА : Најголемите проблеми се зад нас, а патот што го избравме ни гарантира подобро утре

0
1032

Премиерот Зоран Заев вечерва на неговиот фејсбук профил напиша дека државата е на вистинскиот пат, кој гарантира подобро утре.

-На прав пат сме. Најголемите проблеми се зад нас, а патот што го избравме ни гарантира подобро утре. Тоа е патот на раст на платите, на градежната офанзива, патот преку кој парите одат кај граѓаните. Тоа е патот за заедничка борба против загадувањето, против сиромаштијата и против корупцијата. Тоа е патот на сигурноста, безбедноста и слободата – патот до НАТО и ЕУ. На тој пат, секој од нас треба да преземе иницијатива и да ги искористи можностите кои постојат. Време е сите да се приклучиме на сигурниот, на брзиот, на правиот пат и да дадеме свој придонес. Така ќе постигнеме уште повеќе, за нашите деца, за нашата земја, за нас самите, за подобар живот. Приклучи се, на прав пат сме!, напиша премиерот Заев.