БОЧВАРСКИ : СИЛНА ПОДДРШКА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ДО ОПШТИНИТЕ ПРЕКУ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛНИ УЛИЦИ И ПАТИШТА

0
399

Денеска во Министерството за транспорт и врски се потпишаа договорите за реконструкција на дванаесет локални улици во шест општини.Договорите за реконструкција ги потпиша министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со градоначалниците на општините Свети Николе, Лозово, Карбинци, Чешиново – Облешево, Демир Хисар и Ресен.Ова е дел од проектот за изградба и реконструкција на локалните улици и патишта во општините, што се реализира преку Министерството за транспорт и врски, со вкупна инвестиција од 70 милиони евра.

„Драго ми е што Министерството за транспорт и врски уште еднаш излегува во пресрет на граѓаните и создава услови за подигнување на животниот стандард преку реконструкција на улиците и урбан развој на општините. Гледаме партнер во сите општини, се со цел да ги подобриме условите за живот на граѓаните. Ова е проект кој го реализираме преку Министерството и драго ми е што општините аплицираат со проекти за да можеме средствата да ги алоцираме во вистинска насока, за граѓаните. Директно ги помагаме општините, ги подигнуваме капацитетите и сакам да истакнам дека поддршката продолжува и во следниот период. Преку овој проект исто така ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и го стимулираме локалниот економски развој. Нашата цел е стабилни општини и задоволни граѓани.“ – изјави министерот Бочварски.Во рамките на овој Проект, Министерството за транспорт и врски до сега реконструираше преку 140 улици во над 60 општини.