БОЧВАРСКИ : САКАМЕ ДА НАПРАВИМЕ ПОДОБАР МОДЕЛ ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТИШТА

0
409

Клучното прашање што треба да го отвориме пред јавноста е дали оваа држава е подготвена да ги креира законските можности за да овозможи брза реализација и изградбата на патиштата од проектот да ги направиме за пет години или за повеќе од седум, осум години, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во вечерашното гостување на телевизија Телма.

-Второто прашање е дали за време на енергетска криза, пакет во кој влегуваат и гасоводите, треба да направиме полесна процедура за изградба на гасоводите. Тоа се државни, национални, стратешки проекти. Има предлог на овие законски измени во собранието од пратениците, беа блокирани, на дел не се свикуваа комисиските расправи. Сакаме да направиме подобар модел на реализација на патните коридори. Целта е да работиме со основни проекти кои се проектираат и работат во реално време, во фази и тоа е целта на измените на законите. Проектантот да може да испроектира една делница од еден автопат и од наредниот ден, практично да влезе изведувачот во работа за да може да имаме ефикасност на терен, рече Бочварски.