ДУИ ГО ЗАМРЗНУВА ЧЛЕНСТВОТО НА МЕРКО И БАРА СЕОПФАТНА ИСТРАГА ДА ПОЧНЕ ВЕДНАШ

0
484

Портпаролот на владејачката ДУИ, Бујар Османи околу ставот на партијата за одлуката на Стејт департментот во однос на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко вели дека ги почитува ставовите на САД и ги смета за добронамерни. Според него, секој успех на оваа држава носи печат и на САД.

„ДУИ има јасни ставови по однос на владењеето на правото и борбата против корупцијата и таквите ставови се претворени во формални одлуки на партијата“ – нагласи Османи.

„Најпрвин ДУИ бара институциите веднаш да се почне со сеопфатна истрага за наводите и можните информации за Мерко кои што произлегуваат од одлуката на Вашингтон. ДУИ ја прифаќа на одлуката на Мерко за замрзнување на неговото членство во раководните органи на партијата. Како трето, ДУИ ја прекинува изборната активност во општина Струга се додека не се создадат услови за тоа. Исто така партијата ги повикува сите истражни институции во соработка со меѓународната заедница да започнат истрага за сите партии, од претседателите до најниски ешалони“ – истакна Османи.

Портпаролот на ДУИ рече дека струшкиот градоначалник лично побарал да се замрзне неговото членство во раководните органи на партијата од Мала Речица, но дека Мерко во моментов не е целосно отстранет од ДУИ.
-Тој веќе не е член на претседателството и на Генералниот совет на партијата, се додека трае истрагата – нагласи Османи