БОЧВАРСКИ : ОВАА ВЛАДА НА СДСМ ИМА РЕЗУЛТАТИ КАКО НИТУ ЕДНА ДОСЕГА, САМО ЗА ШЕСТ ГОДИНИ РЕАЛИЗИРАВМЕ НАД 1.400 КИЛОМЕТРИ ПАТИШТА

0
617

Со вложувањата во инфраструктурата го подобруваме квалитетот на животот на граѓаните. Преку инвестициите во модерни патишта ги поврзуваме граѓаните, им ја олеснуваме работата на компаниите. Оваа Влада на СДСМ има резултати како ниту една досега, за само шест години реализиравме над 1.400 километри патишта.▫️Граѓаните од југоисточниот дел на нашата татковина тоа сметам дека многу добро го знаат. Со инвестиција од 42 милиони евра направивме нов ексрпресен пат од Струмица до Штип, преку Радовиш. Го обновивме и патот Струмица-Ново село.

Го започнаме најголемиот, најважен и највреден проект во инфраструктурата во историјата на државата, изградбата на коридорите 8 и 10Д со кој Македонија станува главна крстосница на Балканот.📍Во рамките на теренските активности на СДСМ „Рамо до рамо до победа“, членот на ЦО на СДСМ Благој Бочварски, заедно со Пламенка Бојчевска со граѓаните на општина Босилово разговараа за инвестициите во инфраструктурата.Во Струмица Борис Тунџев и Боро Еркечов со граѓаните разговараа сработеното од страна СДСМ во изминатиот период, особено силната поддршка на земјоделците.