ВМРОВСКАТА МЕНАЏЕРКА ДАНЕЛА И НЕЈЗИНИОТ ДИРЕКТОР НА ЈСП БАРААТ ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА МЕТАНОТ ОД РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ИАКО ЗА ТОА НЕМА НИКАКВИ ИНГЕРЕНЦИИ, БИСЛИМОВСКИ: ПАЗАРОТ НА ПРИРОДЕН ГАС Е ЦЕЛОСНО ЛИБЕРАЛИЗИРАН ВЕЌЕ 7 ГОДИНИ И НИЕ ЗАКОНСКИ ТОА НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО РЕГУЛИРАМЕ

0
677

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денес преку соопштение извести дека барањето на директорот на ЈСП, Илиевски упатено до нив да се замрзне цената на ЦНГ (метанот) е беспредметно и спротивно на закон затоа што е пазарна дејност која не е во надлежност на регулаторот.

Согласно Законот за енергетика одобрен од Енергетската заедница, Регулаторната комисија за енергетика не издава лиценци за трговија со ЦНГ откако пазарот на природен гас беше целосно либерализиран уште од први јануари 2015 година.

“Регулаторната комисија за енергетика единствено ги утврдува тарифите за пренос и дистрибуција на природен гас, а не издава лиценци за трговија со ЦНГ затоа што пазарот на природен гас е либерализиран веќе седум години” – дмета претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

“Природниот гас кој се транспортира во посебни боци, при што истиот е во компримирана состојба, ЦНГ или често викан метан може слободно да се тргува без лиценца. Набавката и продажбата на компримираниот природен гас може да го врши секое правно и физичко лице за свои потреби. Цената на овој енергенс не е регулирана и истата слободно се формира од страна на трговците со ЦНГ” – се вели во соопштението од РКЕ.