ПРИЛЕПСКИОТ АДВОКАТ И АКТИВИСТ ЖАРКО СТЕВАНОСКИ ПОВТОРНО ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА ПОРАДИ УЧЕСТВО НА ПРОТЕСТИТЕ

0
1199

Еден од најекспонираните активисти на „Шарената револуција“ во Прилеп, адвокатот Жарко Стеваноски, денес во 14:30 часот повторно бил повикан на информативен разговор во полиција.

Придружуван од уште неколкумина активисти, адвокатот набрзо ја напуштил полициската станица, поради тоа што разговорот за кој бил повикан му бил одложен за утре.

Жарко Стеваноски – адвокат

Повторно сум повикан во МВР ПС Прилеп заради давање на известувања во врска со сторен прекршок по чл.191 од ЗБСП.

Иако претходниот пат укажав на непостоењето на основните обележја на прекршокот кој ми се става на товар, во дејстијата кои ги превземам на начинот на кој го изразувам своето право на протест, еве на истите околности повторно сум повикан, што на еден начин само се потврдува злоупотребата на правата кои МВР ги има, согласно Правилникот за начинот на вршење на полициските работи.

Јас ги почитувам правните норми кои на МВР им ја нудат слободата да ги превземаат декствијата кои ги превземаат, но строго ќе се спротивставам на нивната злоупотреба, на начин што утре, веднаш после мојот распит до МВР, ќе поднесам поплака за начинот на постапување на овластените службени лица, изразен преку злоупотреба на правата кои ги имаат во постапката за прибирање на известувања од граѓани, дотолку повеќе што во прекршокот кој ми се става на товар не се отсликува ниту едно мое дејствие кое го имам превземено за време на протестите.

За утре во 11 часот, за кога му е презакажан информативниот разговор на адвокатот Стеваноски, најавен е мирен собир пред ПС Прилеп, во знак на протест против формите на притисок кон активистите и поддржувачите на „Шарената револуција“.

Извор : 10без10