БОМБА: ФИРМАТА КОЈА ДОЛЖИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА НА АВСТРИСКА ФИРМА ГИ ЗАКРПИЛА И ЗАЕВИ ЗА МИЛИОНИ ЕВРА?!?!

0
3823

Мактел дознава дека валандовската фирма која должи 4 милиони евра на австриска фирма и за која австрискиот амбасадор бара судски совет да реагира затоа што долгот не можел да се наплати, ги има закрпено и Заеви за неколку милиони евра?!?!

Мактел се распраша во Струмица за оваа фирма и дознавме дека фирмата е на зет за братучедка на Заеви, човекот е од Валандово и со него Заеви не комуницирале со години затоа што и нив им останал должен за неколку милиони евра?!?!

  • Со него се скарани, немаат никаква комуникација со години, не се запознаени за долгот кон австриска фирма, он и нив ги закрпи со голема сума од околу милион евра и никако не може да си ги вратат парите. Нема никаква вистина во тоа дека Зоран Заев се мешал во судството за да им помогне затоа што они со него немаат ништо, напротив, и Заеви ги тужат веќе неколку години и никако не може да си го наплатат долгот! – ни велат луѓе кои се запознаени со случајов.