БОМБА НА ФИЛИП ПЕТРОВСКИ : БРАНЕ ПЕТРУШЕВСКИ ОД КУМАНОВО МИ ГО ДАДОА ДА ГО НАПРАВАМ БОТ ЗА КОМЕНТИРАЊЕ ПО ФЕЈСБУК СТРАНИЦИ А СЕГА СТАНА ПРАТЕНИК НА ВМРО-ДПМНЕ

0
1004
  • Кога почнаа бомбите на Заев во владата на Груевски имаше паника, и нели беше она сечено лепено монтирано итн. И сега идам јас кај Мартин Протугер, му викам јас ќе ви дадам одговор како се прави тоа бидејќи јас понекогаш кога ги читам овие идиотиве од дувлото се смеам дома и ги читам колку се глупи коментарите на кои им одговарам со задоволство.

    Им викам ја ќе ви дадам одговор, а одговорот е многу прост, ќе направиме една структура која што ќе даде одговор на ,,Шарената револуција”, па добив одговор од типот на добро што ти треба па Нино Тодоров го водеше тој процес, им реков од комитети сошијал менаџерите да дојдат во Влада и им кажав од секој комитет на ВМРО да има по еден човек кој ќе организира по 5 до 10 деца да пишуваат коментари, јас го направив системот, и така од Куманово ми го дадоа Бране Петрушевски.

    Знаеш ли како комитетите ги даваа луѓето?! Абе неаме ние за тоа Фејсбук никој, ај земи го овој нема што да прави во штабот. Лично сум ги учел за социјални мрежи сферата, сум ги учел да отвораат профили на Твитер профил, не знаеја Твитер да отворат, сите тие на функции доаѓале кај мене на едукација за социјални мрежи и сега тој човек користи историска шанса и станува пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

    Филип Петривски на ,,Инфомакс” за тоа како се формирани ботовите на социјалните мрежи да коментираат по портали на постови.