БОМБА СО РАЗОРНА МОЌ НА САШО ОРДАНОВСКИ ВО НАЈНОВАТА КОЛУМНА : Од земјава ја здувнаа Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Зоран Ставрески, Владимир Пешевски, Веле Самак, Мартин Протуѓер и уште десетина други архитекти и „градежни техничари“ , А ГРУЈО ВЕЌЕ ГИ ПАКУВА КУФЕРИТЕ!!!

0
12992

МАЛИОТ НЕРОН

А малиот Нерон повремено седи во белата партиска тврдина во центарот на Скопје во која влегува и излегува низ тајните подземни ходници (да повторам, наводно, оној најтајниот е оптегнат подземно од подрумите на партиската зграда, до камбанаријата на новата бетонска црква на улица „Македонија“, каде што владиката Агатангел седи и дежура со запалени свеќи, ако треба некој итен парастос да се држи!), изолиран и опкружен со десетици вооружени бодигарди, и се прашува каде му отидоа и најблиските соработници? Навистина, ќе пријави ли некој, на пример, каде се наоѓаат Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Зоран Ставрески, Владимир Пешевски, Веле Самак, Мартин Протуѓер и уште десетина други архитекти и „градежни техничари“ на режимот на злото со чија помош владее(ше) единаесет години? Толку ли ги уплаши еден притвор на некаков Сеад Кочан, па се разбегаа куд-који-мили-моји, како гуски во магла? – Ова го напиша Сашо Ордановски во неговата најнова колумна за Слободен печат.