СДСМ: Зошто се молчи за сторителите на крвавиот инцидент врз Денесовски?

0
995

Најостро реагираме на игноратскиот однос на надлежните институции во врска со бруталниот напад врз сопственикот на македонската независна новинска агенција Охрид Скај, Сашо Денесовски. Трети ден од тешкиот крвав инцидент, нема информации од полицијата што преземаат во врска со случајот, велат од СДСМ.

– Кои се луѓето кои со метални шипки го изудирале по глава Денесовски до искрварување и потрес на мозок? Поради тешките повреди, според кажувањата на Денесовски, секој втор ден му ја снимаат главата. Дали и зошто од СВР Охрид одбиле веднаш да излезат на местото на инцидентот туку тоа се случило дури по три часа, откако тој сам од болница со врзана глава морал да оди во полиција за да го пријави нападот? Дали и зошто на лице место е одбиено како доказен материјал да се земат снимките од камерите пред домот на Денесовски, каде што се случил нападот? Дополнително, дали е точно дека до СВР Охрид веќе е доставен доказен материјал за можните сторители? Дали напаѓачите на Денесовски се внуци на високи полициски функционери во СВР Охрид? Дали тие лица се луѓе кои веќе имаат извршено други тешки дела, едниот од нив нелегално работел со дрога, поради што се бараат со потерница за извршување казна затвор, а се шетаат слободно низ Охрид – прашаа денеска од најголемата опозициска партија.