БОМБА НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ВО НОВИОТ БРОЈ НА ФОКУС: Разузнавачи на Иванов вклучени во минирање на Договорот со Грција, во Крвавиот четврток и во Диво насеље

0
2673

Павле Трајанов е лидер на Демократскиот сојуз, партија која ја поддржува владата на Заев, а во моментов е национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија.

Како поранешен министер за внатрешни работи и долгогодишен аналитичар на состојбите во безбедносниот сектор и борбата против организираниот криминал и корупцијата, со Трајанов разговаравме за актуелната зовриена политичка состојба пред референдумот.

Клучните проблеми на новата власт, Трајанов ги лоцира во блокираните институции од поранешни кадри на ВМРО-ДПМНЕ со кои власта не умее да се справи, а на барањата за амнестија на поранешните функционери, како и во врска со последните корупциски скандали на власта, меѓу другото, вели: „Ако имаме робусна, силна, ефикасна борба против корупцијата, против криминалот, тогаш поддршката за референдумот и за новата власт ќе биде многу поголема“!

Разговарал
Зоран ДИМИТРОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”