БОМБА НА МКД,МК : СПЕЦИЈАЛЦИ ГО ЧУВААТ НИНЏА, СЕ ПОЖАЛИЛ ДЕКА УБИСТВО СО НОЖ ИЛИ ШРАФЦИГЕР МУ НАРАЧАЛЕ ЌОСЕТО, ЈУГ, ЧЕНТО …

0
1443

Специјалци од пред еден месец во посебно одделение во Истражниот затвор во Шутка го чуваат Александар Василевски Нинџа, правосилно осуден на затвор од 8 години за настаните од 27 април. Од затворот во Штип овој осуден, кој беше клучен сведок и во судскиот процес во кој на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски им се суди за нарачка на настаните од 27 април, 2017 година, сега е префрлен во Истражниот затвор во Шутка, каде што има специјално одделение за лица со висок безбедносен ризик.

Одлуката за да се направи трансфер на Нинџа од едниот во другиот затвор ја донела Управата за извршување санкции, бидејќи, како што велат, неговиот живот бил во опасност, информира МКД.МК

Во изјава за МКД.мк директорот на Управата, Марјан Спасовски, вели дека Управата за извршување санкции донела ваква одлука откако Нинџа укажал дека има информација дека ќе биде нападнат од друг осуденик за одредена сума пари, која треба да му биде исплатена на напаѓачот