БОКИ 13 ХОСПИТАЛИЗИРАН, МОЖНО Е ДА БИДЕ ОПЕРИРАН

0
992

Бојан Јовановски е хоспитализиран во Градската болница „Св. Наум Охридски“ објави А1он. Се размислува да се преземе оперативен зафат поради влошената здравствена состојба, тврди неговиот адвокат Сашо Дуковски.

Тој е задржан на лекување поради влошена здравствена состојба, потврдува и
неговиот адвокат. Јовановски има хронични здравствени проблеми со желудникот, а ова не е првпат од затвор да биде префрлан и задржуван на болничко лекување.

Од полуотвореното одделение каде беше сместен по пресудата, сега, по
издржување на скоро половина од казната – тој е преместен во затворениот
дел на затворот, односно старата зграда. Директорот Шпенд Тахири одлуката за
преместување ја донел само четири дена откако беше поставен на функцијата, но
ниту на Јовановски-Боки 13, ниту на адвокатскиот тим не им ги кажал причините, објави претходно А1