Боки 13: Здравјето ми е загрозено поради лекарска грешка при операција на желудникот, нон стоп повраќам, на судењето треба да бидам жив и здрав, а не мртов

0
736

Останувам целосно на искажаното на мојот бранител. Покрај тоа што мојот бранител наведе дека два пати сум неуспешно опериран, би додал дека мојата состојба е животно загрозувачка. Јас повраќам константно во тие услови. Затворскиот лекар има желба да помогне, но не може поради состојбите. Имам органски проблем. Јас сум во добра психичка состојба. Неуспешните операции се поради лекарска грешка. Пресечен ми е нерв од желудникот и затоа повраќам, ова ми го кажа докторот Спировски од Торакална хирургија. Имам проблем со белите дробови и уште четири дијагнози. По многу од укажаните упатствија од затворскиот лекар, условите кај што се наоѓам не го дозволуваат тоа”, изјави Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој е осомничен во случајот „Рекет“ на јавната седница во Апелациониот суд по жалбата за притворот, пренесе Макфакс.

Боки 13 кажа дека секојдневно бара да го носат во болница, но дека тоа го прават кога состојбата драстично ќе му се влоши.

Претходно и адвокатот на Бојан Јовановски побара укинување на притворот и замена со друга мерка, бидејќи неговата здравствена состојба е сериозна влошена и може да има смртна последица. Дуковски до судот достави и медицинска документација во која доктор Зоран Спировски од Клиниката за торакална хирурхија дава мислење дека Јованоски мора итно да биде хоспитализиран.