БОЖЕЕЕ, ЈА ИМАМЕ ПРОФЕСОРКАТА СО ЧЛЕНСТВО ВО НАЈМНОГУ НАДЗОРНИ И УПРАВНИ ОДБОРИ: Проректорката на УКИМ, Биљана Ангелова членува во дури 10 надзорни одбори, плус проректор плус професор на УКИМ!!!

0
16970
Почитуван г. Ивановски,
Ви го праќаме ова писмо како на уредник и портал кој секогаш се борел за објективноста и против неправилностите, со надеж дека ќе го објавите. Проректорката за финансии на УКИМ Билјана Ангелова, освен тоа што е ректор во сенка ги има акумулирано сите можни функции, од кои некои се неспоиви и во конфликт на интереси со функцијата проректор.
Билјана Ангелова покрај тоа што е проректор, ги врши и следните функции:
– член на Надзорен одбор на “Халкбанк”,
– член на Управен одбор на Трговското друштво за обуки “Интеруниверзитетска академија Прима” доо Скопје,
– член на Надзорен одбор на Трговското друштво “Центар за трансфер на технологии и иновации – Инофеит”ДООЕЛ Скопје,
– потпретседател на Академски одбор на Академија за банкарство и информатички технологии,
– член на Управен одбор на Академија за банкарство и информатички технологии,
– претседател на Комисијата за ордени и признанија во Кабинетот на Претседателот на Р. Македонија Ѓорѓе Иванов,
– член на Управен одбор на Институтот “Конфуциј”,
– претседател на Комисија за финансии на УКИМ,
– член на Комисија за Конгресен центар при УКИМ,
– претседател на Комисија за издавачка дејност при УКИМ,
– член на Ректорска управа на УКИМ…  итн.
Конфликтите на интерес директно се злоупотребуваат од споменатата проректорката. Како што се коментира на УКИМ, минатата недела е извршен избор на банка која ќе ги опслужува сите плаќања на студентите на УКИМ. Банката е избрана без постапка за јавна набавка, со оглас. Која банка е избрана треба да се провери.
Од
Група професори на УКИМ
Извор : Мактел.Мк