(ВИДЕО) Заев за Силјановска: Таа е надвор од актуелниот концепт за живот и е неприфатлива

0
1440

Одговарајќи на прашања на новинари дали кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска е прифатлив модел на консензуален кандидат, премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече.

,,Интересно коментари, веднаш ќе кажам, не е прифатлива. Таа е надвор од секој можен концепт за огромно мнозинство граѓани. Не даде во ниту еден сегмент поддршка на тоа што цел свет го поддржува и огромно мнозинство на граѓани го подрржуваат. Македонија исчекори со квантен скок напред, отидовме во исполнување на нашите децениски аспирации. Ние денеска сме земја каде што секоја недела се ратификува протоколот за НАТО, ние сме земја која што извесно е преговарач со ЕУ. Таа е надвор од актуелниот концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните. Јас имам почит, ја почитувам професорката , но таа е сосема спротивно иод концептот што оваа Влада и мнозинството граѓани го развиваат во Македонија, па и од концептот едно општество за сите“, изјави Заев по денешната средба со Али Ахмети.

Силјановска во Струга по изборот рече дека таа ќе прифати да биде заеднички кандидат на сите партии, ако тоа го сака СДСМ.

Има шанси за консензуален кандидат, кој ќе биде прифатлив за сите, рече Заев по денешната средба со Ахмети и најави дека идната недела ќе се знае името на претседателскиот кандидат на СДСМ.

Линк до видео од изјавата на МАКФАКС.