БОГОЕВ ЗА ТВ21 : ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НИШТО НЕ ПОКАЖАА ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД

0
599

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не покажаа ништо во изминатиот период, тоа граѓаните го видоа и со поплавите, рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата Клик Плус на ТВ21.

„Еве поминува една година од нивните мандати, граѓаните може да видат дека воопшто не се реализира. Имам јас пријатели во Бутел ми велат буквално не знам ниту кој ми е градоначалник. Имам и во Прилеп каде што главна шега во градот е исчезнат е градоначалникот, го нема од изборите. Се шегуваат граѓаните на својата мака.“ рече Богоев.

Тој додаде дека граѓаните сега јасно може да ја видат разликата помеѓу неработата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и работата на градоначалниците на СДСМ.

„Сега граѓаните ќе може да ја видат разликата помеѓу овие градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата коишто ги споменав и помеѓу перформансот на Костадин Костадинов во Струмица, којшто еве не дека ми е сопартиец, видете што се прави човеков а што не прават нивните градоначалници. Еве, споредете ги Струмица и Прилеп разликата е огромна“ рече Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ.