Исчезнатата Весна Николоска по која трагаше скоро цел Прилеп е најдена удавена во езеро

0
1224

Прилепчанката Весна Николоска на возраст од 50 години по која се трагаше е најдена удавена во езеро, дознава Фактор од нејзини блиски роднини.

Последни кои ја виделе жената во близина на Мермерното езеро биле неколку деца, по што жената ја снемало.

Таа на 16 месецов во 23 часот излегла од дома, по што не се вратила. Многу доброволци, но и надлежните се вклучија во акција за нејзино пронаоѓање.

Извор : Фактор.Мк