БИТИЌИ ДО МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ : НЕ МОЖАМ ДА РАЗБЕРАМ КАКО ЕДЕН СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ ВО КОРИДОРОТ 8 ГЛЕДА ОЦРТУВАЊЕ НА ГОЛЕМА ИЛИРИДА

0
704

Не можам да разберам како еден социјалдемократ во Коридорот 8 гледа оцртување на голема Илирида.„Мислам дека треба одредени работи да се разјаснат отколку очекувањата околу нова партија на г-динот Димитриевски. Ќе почнам од нешто што мислам дека им е јасно на повеќето слушатели и на г-динот Димитриевски. Јас во политиката имам влезено со вредносни позиции и моите ставови и согледувања за секоја една политичка партија или пак политичар се вредносни и ништо друго.

И во однос на г-динот Димитриевски како поранешен мој сопартиец, сосема е легитимно правото да носи свои лични политички одлуки. Тоа како демократ го почитувам, а она што не ме радува е како поранешен член во мојата партија во јавниот простор изнесува политичка реторика која е полна со десничарски ставови“, рече Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи во своето обраќање на Стадион на Канал 77.Тој објасни дека во неговите интервјуа на медиумите, за жал, се препознаваат термини, фрази, зборови кои првенствено можат да се слушнат кај политичари кои се нескриени десничари во своите уверувања и вредносни позиции. Не десничари во економска смисла, туку во политичка смисла.

„Мислам дека имавме одредени преписки во јавноста околу национализам и патриотизам. Пред вашите слушатели ќе бидам искрен. Повремено се прашувам како со Г-динот Димитриевски сме биле сопартијци и социјалдемократијата можела да не обединува, на прашањето се обидувам да поставам контра прашање Да не беше маскиран социјалдемократ? И овде двајцата ќе се согласиме дека и денеска имаме доста маскирани социјалдемократи“, посочи Битиќи.

„Во едно од неговите неодамнешни интервјуа ги повикува социјалмократите да му се приклучат на неговата партија или како што тој вели движење. Притоа споменува дека кон него се имаат приклучено голем број на основачи на ВМРО, и голем број на луѓе кои некогаш биле многу верни на ВМРО, оние кои беа активни во деведесетитте години“, рече Битиќи.„Ми стана јасно зошто неговиот став во однос на промената на Уставот, внесувањето на Бугарите е сличен со овој на ВМРО“, заклучи Битиќи.