КОВАЧЕВСКИ : УСПЕШНО СЕ СПРАВИВМЕ СО ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА, ИЗВЕЗУВАМЕ СТРУЈА ВО ЈАНУАРИ

0
351

Успешно се справуваме со енергетската криза, економската криза, она што го ветивме во септември, ние го испорачавме во текот на сите месеци кои се зад нас и во текот на овој месец, рече во интервју за 360 Степени претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски. -Никој не претпоставуваше дека државата ќе продава вишоци на електрична енергија во најкритичниот месец – јануари. Тоа е заради успешните политики и трудот којшто го вложија вработените во електро енергетските компании во државата, рече Ковачевски.
Мојата работа во текот на целата измината година е фокусирана на три генерални теми, додаде Ковачевски.

-Прво справувањето со енергетската криза и заштита на животниот стандард на граѓаните, при што никој не беше оставен сам, нема да биде оставен сам. Второ, енергетската транзиција и инвестиции во сите сектори. Знаете дека минатата година имавме највисоко ниво на инвестиции во историјата на независна Македонија, 465 милиони евра многу повеќе од кога се мислеше дека имаме најголемо ниво на инвестиции како на пример во 2014 година. Ако ги споредиме, минатата година во споредба со 2014 година имаме повеќе 167 милиони евра инвестиции и тоа во најкризната година. Третото е спроведувањето на скрининг процесот и непречено одвивање на европските интеграции на државата со оглед на тоа дека во јуни минатата година конечно после 17 години се почнати преговори со ЕУ. Тоа се трите основни претпоставки, нормално дека работиме и на други теми меѓутоа овие се трите клучни, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.