БИТИЌИ: ВО ХИДРОСИСТЕМОТ ЗЛЕТОВИЦА ЌЕ СЕ ИНВЕСТИРААТ 40 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ЗА ЦЕЛИОТ ИСТОК НА ЗЕМЈАТА

0
473

“Владата на Република Северна Македонија континуирано работи на подобрување на условите за живот на граѓаните во целата земја, врвен приоритет ни е да го поттикнеме рамномерниот регионален развој, а за да успееме во тоа, треба и мора да се работи на подобрување на основните услови за живот“, посочи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа денес го посетија ЈП за извршување на водостопански услуги „Хидросистем Злетовица“ во Пробиштип.

По одржаниот состанок со директорот на ЈП „Хидросистем Злетовица“, Миле Илиевски и градоначалниците на Пробиштип, Драган Анастасов и на Свети Николе, Сашо Велковски, вицепремиерот Битиќи и министерот Хоџа, извршија и увид на „Зафат 3 – зафатна градба за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци“, пришто нагласи дека хидросистемот Злетовица е еден значаен ресурс, на кој Владата обрнува особено внимание и ќе работи посветено за да ги исполни сите функциите за кои е наменет.

“Првата фаза (функција) предвидува стабилно снабдување со вода за пиење за околу 100 илјади жители во општините Пробиштип, Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци. Во моментов вода за пиење од овој систем користат општините Пробиштип и Свети Николе. Дозволете да потсетам дека во 2019 година со поддршка на Владата на Република Северна Македонија и поддршка од Владата на Република Словенија, инвестирани беа 1,2 милиони евра со кои снабдувањето со питка вода за граѓаните на Пробиштип е навистина подигнато на едно високо ниво и се овозможи проток на питка вода од 100 литри на секунда.