„БАГРАТА НА ЛЕНИН“, ДООБЈАСНУВАЊЕ ВО „КЛИК ПЛУС“ – ТРАЈАНОВСКИ СЕ ИЗВИНИ, НО НЕ НА ОНИЕ КОИ ГО ЗЛОУПОТРЕБИЈА ПРОТЕСТОТ

0
525

Им се извинувам на сите оние кои што се поистоветија кога кажав „Баграта на Ленин“. Ова го изјави заменик градоначалникот на Скопје Александар Трајановски во гостувањето во Клик Плус.

Тој вели дека има пријатели кои што учествуваат во приватниот превоз во градот, а овие зборови биле упатени до оние кои што се обидувале со сите сили протестот да го пренесат на улиците на градот, со цел да предизвикаат гнев кај граѓаните и да го насочат кон Арсовска.„Сите оние кои се поистоветија, или им беше прикажано дека се поистоветени со таа багра, јас лично им се извинуван….

Кога го спомнав тој погрден збор станува збор за сите оние кои што наложуваа истиот да се прелее на улиците на Градот за да гневот на граѓаните повторно биде насочен кон Град Скопје и градоначалниќката.

Ние се обврзавме на радикални промени во јавниот превоз. И тие процеси можеби се малку подлабоки, но сушѓтински ги надминуваат оние проблеми кои што децении во јавните претпријатија се фрлаат под тепих“, вели Александар Трајановски.Но, вели дека одлуката за раскинување на договорите со „Слобода Превоз“ и “Макекспрес“ нема да биде поништена.

Во тек е оглас за две линии, па очекуваат да се пријават лица кои би го исполниле договореното.Во моментов приватните превозници не протестираат. Побараа официјална средба со премиерот Ковачевски и чекаат одговор. А, партиите како за време на протестите, така и во Клик Плус со меѓусебни обвинувања кој е виновникот за хаосот во Скопје и кој треба да го реши. Обвинувања имаше и кој со кого е во коалиција во Градот Скопје.

„Директор на ЈСП, кое што легално должи пари, значи на својата картица го има како долг кон приватните превозници од 1,5 милион евра, член е на СДСМ на нивната општинска организација од Аеродром…Постои состанок минатата недела кој што премиерот го потврди, меѓу градоначалничката Арсовска и премиерот со присуство најверојатно на еден градоначалник од скопските општини на кој што дискутираат дел од јавните набавки кои што ги врши Градот Скопје, односно ЈСП за гориво“, посочи Стефан Андоновски.„ВМРО-ДПМНЕ ја предложи градоначалничката и славеше пред Белата палата, еве можете да видите, за освојување на Град Скопје.

Не го освоивте само градот Скопје со предлогот на Данела Арсовска, го освоивте и Советот, коалиција, ги освоивре и потоа назначивте Управните и надзорните одбори. Ако не знаете како се раководи со Управни и Надзорни одбори мислам дека е крајно време да ги повлечете вашите кандидати и да дозволите некој друг да работи“, порача Васко Кичевски.Одговор за средување на јавниот транспорт граѓаните не добија ниту во дебатата на ова издание на Клик Плус. Во преден план беа обвинувањата за тоа кој е виновен за хаосот и кој треба да го реши, а не како и кога да се реши.