ВУЧИЌ : КОЈ САКА НЕКА БИДЕ ЗА ХРВАТСКА, ЈАС ЌЕ НАВИВАМ ЗА МАРОКО, ТИЕ СЕ НАШИ БРАЌА

0
429

Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно се најде во центарот на вниманието на спортската јавност со изјава поврзана за СП во Катар, откако во гостувањето на РТС тој најави дека во саботниот меч за бронзата ќе навива за селекцијата на Мароко.„Не знам за кого ќе навивам во финалето, но уште сега можам да ви кажам дека во мечот за третото место ќе го бодрам Мароко. Тоа се наши вистински браќа, кои никогаш нема да го признаат Косово бидејќи и тие имаат сличен проблем со Западна Сахара”, истакна Вучиќ.Тој обелодени дека навивал против Хрватска и на полуфиналниот дуел со селекцијата на Аргентина.

„Почитувам сечие мислење. Одете во Хрватска на море, јас нема да го правам тоа, слободно навивајте за Хрватска, ве има некои 11-12 проценти, јас нема да го правам тоа. Честитки за големиот успех, но јас и во полуфиналето навивав за Аргентина. Да бидам искрен, на сите натпревари навивав против Хрватска, така ќе биде и во иднина и никој не може да ми го забрани тоа и секогаш ќе го кажувам она што го мислам“, прокоментира српскиот претседател.