АЈДЕЕЕ, КОНЕЧНО ДОЧЕКАВМЕ: Уапсен Сашо Мијалков, изнесен со лисици од Хотел Мериот, одреден му е притвор од 30 дена, веќе е на пат за Шутка, тамо го чека лепо друштво!

0
3124

Уапсен Сашо Мијалков …

Одреден е 30-дневен притвор за порнешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, потврдија од СЈО. Во моментов Мијалков е спроведуван во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Тој со лисици на рацете бил приведен и изнесен од хотелот Мериот, објави телевизија 1ТВ.

Поради опасност од бегство на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков,  вечерва му е одреден притвор во траење од 30 дена.

Во моментот Мијалков е на пат кон истражниот затвор “Скопје”, а од СЈО не откриваат детали за сомнежите кои ги имале поврзани со наводниот план за бегство на Мијалков.

Притворот на Мијалков му е одреден како обвинет во случајот “Таргет и Тврдина”, односно за нелегалното масовно прислушување. Токму за овој предмет за утре во Кривичниот суд е закажано рочиште, на кое треба да продолжи сведочењето на Ѓорѓи Лазаров, кој заедно со Звонко Костовски, обезбедија докази и ја открија аферата за масовното прислушување.

Мијалков денеска беше во Кривичниот суд, каде што присуствуваше на рочиштето за случајот “Тортура”.

Тој веќе подолг период е без својот пасош кој му беше одземен како мерка на претпазливост.