АЈДЕЕЕЕ НОВО ЛУДИЛО НА БУГАРИТЕ – БУГАРИЈА МУ ВРАЧИ ПРОТЕСТНА НОТА НА МАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР ПОРАДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ВО БИТОЛА ,,ИВАН МИХАЈЛОВ” ИАКО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ГО ОСУДИ НАЈОСТРО ТОЈ ЧИН!

0
1004

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија му врачи протестна нота на македонскиот в.д. амбасадор во Софија Владимир Крстевски по повод палењето на влезот на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на вонреден состанок, заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова изрази загриженост до в.д. амбасадорот на Северна Македонија Крстевски и најостро го осуди чинот извршен од непознати лица, поради што е нанесена материјална штета на објектот.

Беше истакнато дека ваквите вандалски акти не само што се израз на национална омраза и нетолеранција кон активностите на невладините организации како важен дел од граѓанското општество, туку се и во сериозен судир со демократските вредности и принципи на современиот цивилизиран европско општество.систем.

-Знак за демонстративното и неиспровоцирано криминално дело на сторителите на подметнувањето пожар е и тоа што пред само неколку недели на отворањето на осквернавената зграда на Центарот за култура присуствуваа официјални лица од Бугарија, се наведува во протестната нота.