АХМЕТИ – ИЗБРАВМЕ ПРАГМАТИЗАМ МЕСТО ФАНАТИЗАМ, ДРЖАВОТВОРНИ СМЕ ВО СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА

0
328

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска од кумановското село Сопот рече дека благодарение на прагматизмот што го избрале денес, албанскиот јазик и албанското знаме се официјални и неприкосновени во оваа земја

Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам. Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари и да се залагаат во сопствената држава, а ова знаме денес е официјално и неприкосновено. Еве ја крвта на стотици војници, патриоти и Албанци.

Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен –  рече Ахмети, пренесува ТВ21.ДУИ денеска пред меморијалниот комплекс во Сопот го одбележуваше масакрот во 1944 година над 64 Албанци од ова село, Тој нагласи дека Албанците никому не му должат да останат затрупани и изолирани надвор од Европа