(ВИДЕО) Ковачевски: Битолскиот дел од Пелагонија без вода за наводнување!

0
952

Прес конференција на Васко Ковачевски, Пратеник и Претседател на ОО СДСМ Битола:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=cKgCYD6fzbQ[/youtube]

Почитувани граѓани,

На овие пеколни температури што ја зафатија Македонија, земјоделците во пелагониско се без вода.

Пука земјата на земјоделските површини каде што се оставени трудот и потта на земјоделците.

Со право земјоделците стравуваат за последиците по родот.

Во период кога акумулацијата во Стрежево е полна, во битолскиот дел од Пелагонија има недостаток на вода за наводнување на земјоделските површини!

Најзасегнати се селата Крклино, Кукуречани, Црнобуки, Драгарино, Драгожани, Трн, Карамани, Могила и други коишто речиси секојдневно се без вода.

Ова јавно претпријатие, Стрежево, пред чијашто управна зграда се наоѓаме, има обврска да испорача вода до нивите на земјоделците, кои имаат важечки договори со претпријатието и редовно си ги плаќаат обврските.

Но, за возврат или не добиваат вода за наводнување на посевите или само повремено добиваат вода, што е недозволиво, посебно не на вакви температури.

Ние сме постојано на терен со земјоделците и според информациите од теренот проблемот произлегува од ненавремената санација на свлечиште на главниот канал, уште од февруари, за време на поплавите.

Ј.П Стрежево и Владата на РМ како негов оснивач треба сега да објаснат на граѓаните, зошто не реагираа половина година досега?!

СДСМ веќе реагираше дека итно мора да се пушти вода во пелагонискиот регион.

Бидејки до сега нема реакции од надлежните,

Бараме земјоделците да бидат обештетени за последиците од штетите што им се нанесени со недостигот на вода и ненавременото наводнување.

Во меѓувреме инсистираме, надлежните институции и органи, ВЕДНАШ да обезбедат непрекинато водоснабдување до сите делови на Пелагонија.