СДСМ: На Тодоров и на Груевски во бурекџилница ли им текна за данокот за маснотии?!

0
1306

За Никола Тодоров не се тема за дебата причините поради коишто во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ. Не беа тема за дебата пропустите во здравствениот систем поради кои почина малата Тамара, велат од СДСМ, реагирајќи на најавите за новиот данок за маснотии.

„За Тодоров не е тема тоа што пациенти кои крварат мораат сами да си купат завој, тоа што пациентите на Кардиологија за холтер мораат сами си купат батериии, тоа што на дијабетичарите им даваат стари генерации на инсулин и полуисправни апарати што можат да ги однесат во смрт, тоа што болниците се руина, а здравствениот систем срушен. Но за Тодоров тема за дебата бил данокот за маснотии што власта на ВМРО-ДПМНЕ сакала да им го воведе на граѓаните. На Тодоров и Груевски во бурекџилниците по кои се сликаа ли им дојде идејата да ги даночат граѓаните за маснотии“, прашуваат од СДСМ.

Од таму бараат одговор од Тодоров, дали ќе им става данок за масна храна на повеќе од 180.000 граѓани кои преживуваат со по 40 денари на ден и на повеќе од половина милион граѓани живеат на раб на сиромаштија?!

„Тодоров, Груевски и нивните соработници ги интересираат само даноци, тендери и казни со коишто ги соголија граѓаните“, порачува најголемата опозициска партија.