АХМЕТИ : ЗАЕВ ИЗБРЗА СО ИЗЈАВАТА, ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ПРЕМИЕР

0
1163

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ 21 порача дека премиерот Заев погрешил со неговата најава за оставка од функцијата, доколку СДСМ го загуби Скопје на локалните избори.

-Заев треба да остане премиер. Избрза со неговата изјава дека ќе се повлече. Тој треба да работи со својот тим и да го добијат Скопје. Шилегов има доста сработено за градот. Тој е најдобриот градоначалник досега, рече Ахмети.