АХМЕТИ ДОЖИВЕА НЕПРИЈАТНОСТ ВО СЛУПЧАНЕ

0
549

Во кумановско Слупчане, на комеморативна церемонија на ОВК, лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, доживеа непријатна ситуација.

Порталот Лајм на Фејсбук објави видео на кое се гледа како Ахмети положува цвеќиња на гробовите на загинатите припадници на ОВК.

Кога доаѓа до гробот на извесен Али Махмути, борец на ОВК кој загинал кај Матејче во 2001 година, таткото на загинатиот не дозволува Ахмети да стави цвеќе на гробот на неговиот син.