АРАЧИНОВЕЦ СО „ТИГУАН“ СЕ СУДРИЛ СО „ДАЧИЈА“ НА МВР КАЈ БРОДЕЦ ПА ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ И ПОБЕГНАЛ, ГО ФАТИЛЕ ВО РАДИШАНИ

0
568
На 01.05.2023 во 19.30 часот во близина кај с.Бродец, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дачиа дастер”, сопственост на МВР и патничко возило „фолксваген тигуан” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(32) од с.Арачиново, скопско.

Веднаш потоа возачот на возилото „тигуан” излегол од возилото и агресивно се однесувал кон полициските службеници, по што го напуштил местото.По преземени мерки возилото било запрено на ул.„Радишанска” во Скопје.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.