На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во тек е процедура за избор на тројца проректори. Како што дознава Либертас, главен кандидат за проректор за финансии била професорката Светлана Николовска. Таа на Факутетот за безбедност предава економски криминал, но според извори од таму, главен адут да биде назначена и бил екс-министерката Гордана Јанкулоска.
Николовска е добра познаничка со екс-министерката и таа и е ментор на докторската тема што ќе ја брани на факултетот, тврдат извори на Либертас. Екс-мнистерката Јанкулоска лично ургирала кај ректорот Сашо Коруновски за Николовска да биде избрана за проректор за финансии, тврдат извори од факултетот за Либертас.
Инаку Николовска е една од професорките, кои како што раскажуваше во „бомбите“, и се на лагер 24 часа да ги испрати да ги бранат потезите на власта на провладините медиуми.
Потсетување за тоа од една од снимките од „бомбите“.