Камерата е објективен сведок на злосторството

0
929

За валидноста на снимката како доказ за случајот со дадилката која го малтретирала бебето, следно;

Порано кога немало камери, односно немало можност како денеска да се исталира лесно камера од поединци, затоа вакви и слични ситуации биле откривани од луѓе-сведоци кои подоцна пред судот сведочеле и нивниот исказ бил многу пати клучен за пресудата.  Денеска кога има камера, таа е најдобар сведок која испорачува неспорни докази без никаква пристрасност.

mitko-Jovanov-slika-za-kolumni1

Токму затоа е и неспорен доказ снимката, секако ако  не е монтирана за што пак може да се вештачи и утврди нејзината оригиналност ако некоја засегната страна има сомнеж за тоа.

Во случајот нема сомнеж, барем адвокатот на ова жеништево која била дадила, не ја оспорува валидноста, туку според него  снимката  дека била незаконски прибавена, а како тоа не законски е прибавена снимката, кога потекнува од камерата во својот дом на родителите на бебето, која всушност била само објективен сведок 100%.

Ако пак ја набљудувал да речеме таткото на бебето дадилката и потоа ја пријавел во полиција, зарем тогаш поверодостојно ќе беше неговиот исказ од снимката!? Адвокатот нека ја брани ама не со глупави и нелогични причини. Во случајот интересот на здравјето и животот на бебето се посилни, со најголем интерес него некои бирократски решенија.

Токму затоа има и судска практика која се воспоставува со на пример казнена пресуда за дадилката врз основа на снимката што ќе се применува и понатаму за вакви случаи.

М-р Митко Јованов

Извор; http://mitkojovanov.net/