АРТАН ГРУБИ : ЕДВАЈ ЧЕКАМ ДА ГО ВИДАМ ДЕНОТ КОГА ПАТРИОТИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГЛАСААТ ЗА СЕЛА И АЛИЈАНСА

0
1154

„Коалиција 27“ ја нарекуваат по социјалните мрежи. Тоа е коалиција на поделби, не е коалиција на заедништво, коалиција на Скопје 2014, не Скопје заедничко наше кажа денес на прес-конференција министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби одговарајќи на новинарско прашање што мисли за кампањата на противничките политички партии.

– Едвај чекам да го видам денот кога сите гласачи на Алијансата со цело свое срце, со цел тој ентузијазам, со цела таа љубов ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, и обратно сите тие патриоти на ВМРО-ДПМНЕ, сите тие кои што влегоа на 27ми април во Собранието, сите што го поддржуваат Скопје 2014 ќе гласаат со големо убедување и цело срце за Зијадин Села и Алијансата. Едвај чекам да го видам 17ти октомври, рече Груби.