Советот едногласно ја одобри одлуката за пренамена на средствата предвидени за украсување на општина Чаир за семејствата на загинатите во трагичната несреќа во Бугарија.
“Се надеваме дека со овој наш денешен чин ќе придонесеме во ублажување на болката на членовите на семејството кои ги загубија своите роднини во трагичната несреќа. Нека им е лесна земјата на оние што ги загубија животите, а нивните роднини, пријатели, колеги нека живеат и нека се сеќаваат на нив” – изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.