АРСОВСКА И ДИРЕКТОРОТ НА ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА САИД НА УВИД ОД ИЗГРАДБА НА 26 УЛИЦИ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

0
490

🚧 Со директорот на ЈП Улици и патишта, Саид Саид бевме на увид на финалната фаза од изградбата на 26 улици во општината Ѓорче Петров со вкупна површина од 16.000 метри квадратни. Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се градат на барање на граѓаните со цел да добијат услови какви што заслужуваат.

🏁 Во финалната фаза се пристапи кон изградба на улици во Стопански Двор со што се заокружува проектот на изградба во пет населени места во оваа општина, и тоа во Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор, на нова патна инфраструктура во должина од пет километри.

✅ Програмска определба е во Скопје да не се дозволи без соодветен развој да се населените места кои до сега биле заборавени, а таа слика ја подобруваме со градежната офанзива за рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на градот, при што воедно се делува и за подобрување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

#ЗаМодерноСкопје

Фејсбук статус на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.