ЛЕВИЦА ИЗГУБИ НА УСТАВЕН СУД, ДИМЧЕ ПАК ИСПАДНА ДУНСТЕР ЗА УСТАВНО ПРАВО

0
1873

Уставниот суд денеска одржа седница на која расправаше по пет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и одлучи да:

1.Реферат У.бр.87/2021-Предлогот не го доби потребното мнозинство гласови.

Оспорен акт: Член 91 став 2 од Законот за стечај во делот: „Доверителот кој е упатен на парница е одговорен за штетата што може да биде предизвикана со водењето на парницата ако тужбеното барање биде одбиено како неосновано.

Подносител на иницијативата: Бобан Богдановски, адвокат од Скопје

2.Реферат У.бр.37/2020-не поведе постапка за оценување на уставноста на: член 65 став 2, во делот „Законот за прекршоците“, став 3 во делот „Законот за прекршоците“ и член 66-а став 1, во делот: „Прекршочна комисија“, од Законот за туристичката дејност.

Оспорен акт и одредби: Членот 65 став 2, во делот: „Законот за прекршоците“ и став 3 исто така во делот: „Законот за прекршоците“, како и Член 66-а став 1, во делот: „Прекршочна комисија“ од Законот за туристичката дејност.

Подносител на иницијативата : Игорчо Точев од Кочани