АРСОВСКА ИМА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО, ТВРДИ ПРАТЕНИЧКАТА СЛАВЈАНКА ОД СДСМ

0
889

Не може да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија, на виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, вели Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Таа покажа документ според кој Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство.

-Во „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство. Или како што изворно пишува: „Вицепрезидент на Република Блгарија с Указ номер 33 от 28.04.2011 година Е ДАЛ блгарско гражданство на Данела Арсовска“ Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина. Oд кои побуди г-ѓо Арсовска побаравте бугарско државјанство? За чии интереси одработувате? За унгарските? За Бугарските? За оние на Груевски?“, вели Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.Петровска вели дека не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија.

-Почитувани граѓани, ова е класично потценување и навреда на скопјани. Зарем мислите дека скопјани ќе дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот? Даниела Арсовска, со бугарско државјанство и почесен конзул на Унгарија не проаѓа во Скопје. Странски инсталации кои работат директно против интересите на граѓаните нема да поминат. Г-ѓо Арсовска уште колку тајни криете вие од скопјани? Во недела, на 31 октомври да се обеидниме, масовно да излеземе на изборите и да не дозволиме туѓи интереси да ни одработуваат среде главниот град, среде Скопје, вели Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.