Вуиќ: Очекувам мерка притвор за сите за кои е поднесена пријава во предметот „Титаник“

0
795

Поранешниот министер за транспот и врски Миле Јанакиески во 21 часот влезе на распит во Кривичниот суд во Скопје. Тој е втор, од осомничените кој денеска се појавува пред судија во предходна постапка. Претходно, на распит беше донесен градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, јавува Телма.

Специјалното обвинителство побара од судот да одреди притвор за вкупно осуммина осомничени за изборни измами на изборите во 2012 година.Од СЈО не ги соопштија имињата на осомничените, но наведоа дека меѓу нив е тогашен министер за внатрешни рабтои, тогашен министер за транспорт и врски и тогашниот генерален секретар на владата.

-Доколку Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и останатите обвинети во случајот „Титаник“ бидат распрашани во СЈО и доколку СЈО оцени дека има потреба истите да бидат обезбедени поради несметана понатамошна истрага за истите ќе биде предложена мерка притвор, или некоја друга мерка на обезбедување. Меѓутоа судот ќе оцени дали предлогот на СЈО е основано и дали е потребна мерка притвор како мерка за обезбедување – објаснува адвокатот Мирослав Вуиќ и додава дека тој очекува вечерва да се определи мерка притвор и тие да завршат во Шутка.

– Врз основа на она што денеска го имам слушнато на прес конференцијата сметам дека мерката притвор би била основана имајќи го предвид фактот дека и за помали квалификации- кривични дела мерката притвор била определувана. Ова го зборувам од мојата пракса во судовите во изминатите 10 години. Сега е на судот да покаже дали праксата е навистина пракса и дека законот важи за сите подеднакви- изјави Вуиќ.

извор: Бриф